Дома Фудбал Се подготвува ли „местенка“ на ЕП? Реми одговара и на двете репрезентации

Се подготвува ли „местенка“ на ЕП? Реми одговара и на двете репрезентации

Ќе биде доста интересно во групата Е на Европското фудбалско првенство каде се наоѓаат Белгија, Словачка, Романија и Украина.

Сите четири споменати селекции имаат по три бода пред третото и последно коло од групната фаза, а има калкулации дека би можеле да гледаме натпревар кој би можел да биде потенцијална „местенка“, а еве зошто.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Како што веќе напишавме, сите четири селекции во групата Е имаат по три бода, поточно по победа и пораз.

Она што е особено интересно е дека четири бода би биле доволни за пласман во осминафиналето, и тука доаѓаме до мечот меѓу Романија и Словачка и единствениот исход кој би им одговарал на двете селекции.

На споменатите селекции најмногу би им одговарало реми во директна пресметка, бидејќи така и двете би оделе во осминафиналето.

Во тој случај Романците би биле први или втори на табелата во зависност од исходот на натпреварот помеѓу Белгија и Украина, додека Словачка би се пласирала како третопласирана.

Она што е исто така јасно е дека на вториот натпревар не им одговара реми на Украинците со оглед на тоа што имаат најлоша гол разлика од сите селекции.

Ќе биде интересно да се види каков ќе биде исходот во оваа група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Терористички напад во првиот слободен ден на Европското првенство!

Лоши вести пристигнуваат од Германија од вчерашниот прв слободен ден на Европското првенст…