Дома Фудбал Останато Се одложува турнирот на Маупче, Курдистан, Карпатија и друштвото кој требаше да се игра кај нас

Се одложува турнирот на Маупче, Курдистан, Карпатија и друштвото кој требаше да се игра кај нас

Контроверзното светско првенство сепак нема да се одржи кај нас.

Организацијата КОНФИФА која го организира светското првенство за непризнаени држави и региони објави дека поради ситуацијата со коронавирусот (Ковид-19) првенството ќе биде одложено. Датумот на кој требаше да се играат натпреварите беше од 30. мај до 7.јуни.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Здравјето на сите е најважно и секогаш е приоритет број еден. Исто така сакаме и да го избегнеме притисокот од јавните служби во Македонија поради кризата која владее во светот. Извршниот комитет на КОНФИФА донсе одлука да го одложи турнирот“, стои во соопштението.

Инаку ова беа репрезентациите кои требаше да играат на турнирот.

ГРУПА А: Парохии од Џерси, Панџаб, Курдистан, Чагос Острови

ГРУПА Б: Карпатија, Западна Ерменија, Тамил Елам, Кабилија

ГРУПА Ц: Мапуче, Матабеланд, Кернов, Мариуа

ГРУПА Д: Ј. Осетија, Каскадиа, Обединети Кореанци во Јапонија, Дарфур

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вака изгледа хет-трикот на најскапиот играч во историјата на МЛС-лигата (Видео)

Јужнокорејскиот репрезентативец Сон Хјунг-мин (33) постигна три гола за Лос Анџелес во гос…