Дома Фудбал Англија Се одложуваат неделните градски дербиња на Ливерпул и Манчестер?

Се одложуваат неделните градски дербиња на Ливерпул и Манчестер?

Една од најубавите недели на Островот би можела да ја одложи невремето.

Метеоролозите најавуваат снежни денови во Англија, тамошните медиуми најавуваат и можност да се одложат двете големи дербиња помеѓу Ливерпул и Евертон и Јунајтед и Сити.

Снегот во недела би можел да достигне и до десет сантиметри во Ливерпул и Манчестер, температурите се под нулата, така да на Островот најавуваат дека во тој случај ќе бидат одложени натпреварите овој викенд.

Jасно е дека конечната одлука ќе биде донесена дури во недела во текот на денот, по распоред, Ливерпул и Евертон играат од 15:00, а Јунајтед и Сити од 17:30.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…