Дома Топ вести Се оглси и Венгер: Размената Санчез – Михтаријан е блиску до реализација

Се оглси и Венгер: Размената Санчез – Михтаријан е блиску до реализација

Трансферот на Санчез во редовите на Манчестер Јунајтед веројатно е само прашање на време, тоа можеше да се заклучи и од последната изјава на Арсен Венгер.

Чилеанецот беше на чекор од заминување и во текот на летото, тогаш како и на стартот на овој преоден рок фаворит за негово доведување беше Манчестер Сити, но сега подоцна во трката се вклучи Јунајтед кој најверојатно и ја добива битката.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Доколку Санчез остане наш играч ќе игра во сабота. Во фудбалот сум 30 години и знам како одат работите, неговиот трансфер е блиску до реализација и најверојатно ќе се реализира, но ваквите работите никогаш не можете да кажете дека 100% сигурни“, изјави Венгер.

Покрај оваа изјава на Венгер голем број англиски медиуми утрово пренесуваат дека трансферот на Санчез ќе биде завршен до крајот на денот, а во спротивен правец би тргнал Михтаријан кои според некои извори во Лондон ќе заработува 175.000 фунти неделно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…