Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Се огласи Хауард Веб: ВАР треба да биде дел од Светското првенство

Се огласи Хауард Веб: ВАР треба да биде дел од Светското првенство

web

Пред три години еден од најдобрите светски судии Хауард Веб замина во пензија.

Веб го судеше финалето во Лигата на шампионите помеѓу Интер и Баерн и финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Холандија.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Неодамна Веб стана член на судиската организација во САД која ја контролира видео технологијата на натпреварите во МЛС лигата. ВАР се користи во сите најсилни европски лиги, од следната сезона ќе се користи и во Примера, а Веб повика дека би требало да се воведе и на Светското првенство.

„Доколку повторно сум дел од судиите кои одат на така големо натпреварување какво што е Светското првенство каде што секоја моја одлука ќе биде анализирана од целиот свет би сакал да имам можност да погледнам видео снимка во текот на натпреварите. Според мене ВАР ќе биде од голема помош на Светското првенство“, порача Веб.

Потоа Веб потврди дека судиите се исклучително задоволни од ВАР.

„Не сум разговарал со сите судии, но оние кои ги контактирав се сложија дека е од непроценлива важност. Сигурен сум дека тоа го мислат и оние кои ќе судат во Русија“, изјави Веб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Борусија Дортмунд ослабена во реваншот против Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але ќе го пропушти реваншот од четвртфиналето …