Дома Фудбал Останато Се огласи Ањели: Суперлигата нема да се реализира, англиските клубови имаа политички притисок

Се огласи Ањели: Суперлигата нема да се реализира, англиските клубови имаа политички притисок

Претседателот на Јувентус и еден од основачите на Суперлигата, Андреа Ањели потврди дека новиот проект пропаднал поради излегувањето на англиските клубови.

Ањели истакна дека англиските клубови имале голем политички притисок и морале да ја напуштат Суперлигата, но потврди дека системот на УЕФА е нетранспарентен и мора да се промени.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Морам да бидам искрен и да потврдам дека Суперлигата нема да се реализира. Случајот е таков, но јас останувам убеден во кредибилноста на тој проект. Тоа ќе беше најдобро натпреварување во светот и целата фудбалска пирамида ќе имаше бенефит. Англиските клубови имаа политички притисок и мораа да излезат“, изјави Ањели.

„Нема да кажам колку клуба во последните 24 часа ме контактираа и сакаа да влезат во Суперлигата. Диалогот со УЕФА мора да продолжи бидејќи нашата индустрија се движи во погрежен правец поради нетранспарентност“, додаде претседателот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…