Дома Фудбал Италија Се огласи агентот на Буфон за неговото враќање во Јувентус!

Се огласи агентот на Буфон за неговото враќање во Јувентус!

Агентот на Џиџи Буфон, Силвано Мартина ги потврди информациите од медиумите дека легендарниот голман може да се врати во Јувентус.

Синоќа, како „гром од ведро“ небо медиумите ја пласираа информација за сензационално враќање на 41-годишниот голман во Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Буфон е одлучен во намерата да се врати на голот на Јувентус во наредната сезона. Според информациите на „Скај Италија“, Буфон нема да биде прв голман, туку резерва на Војчех Шчесни, додека Перин кој сега е втор голман би можел да си замине.

„Вистина е. Но, во моментов тоа е само идеја“, кратко изјави менаџерот на Буфон.

Претседателот Ањели наводно дал согласност и му понудил едногодишен договор од 4 милиони евра. Планот на Јувентус е после едногодишниот договор на Буфон да му понуди некоја директорска функција во клубот.

Буфон во Јувентус помина 17 години и бранеше на дури 656 натпревари во сите натпреварувања и е жива легенда на италијанскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…