Премиер лигата неодамна најави воведување на ново правило кое ќе ги ограничи трошоците на фудбалските клубови при доведување на нови играчи. На клупскиот состанок одржан неодамна, мнозинството клубови го поддржаа овој предлог, додека само три клуба – Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Астон Вила беа против. Челси беше воздржан за овој предлог, додека останатите клубови ја поддржаа иницијативата.
Според информациите на британскиот весник „Тајмс“, било предложено лимитот за трошоци да биде поставен на пет пати поголем од износот на последнопласираниот клуб што добива од ТВ права.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На пример, ако некој клуб има 50 милиони евра, ниту еден друг тим нема да смее да потроши повеќе од 250 милиони евра.
Овие точни бројки ќе бидат објавени во наредниот период, а се чини дека ограничувањето ќе важи и за вкупните плати на играчите.
Својот став во врска со овој предлог го искажа Синдикатот на играчите, кој наведува дека ќе почекаат да ги видат сите детали пред да донесат конечна одлука. Но, укажаа дека не се против постоењето на ограничувања од ваков вид, покажувајќи отвореност за преговори и натамошни дискусии на оваа тема.
Официјалната потврда за ваков договор се очекува да биде објавена наскоро.