Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас привлекува огромно внимание и како што се наближува крајот на сезоната и почетокот на трансфер периодот за него се повеќе се пишува.
Долго време Елмас во медиумите се поврзува со калчолигашите Лацио и Фиорентина, а сега се појави вест дека Тотенхем понудил 23 милиони евра за услугите на Елмас.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Елмас импресионираше во изминатиот месец, посебно во дресот на нашата репрезентацијата во квалфикациите за Европското првенство против Летонија и Словенија.
Против Летонците во Скопје Елмас беше и двоен стрелец.
Маурисио Покетино кој во Тотенхем веќе два преодни рока не купил ниту еден играч верува дека Елмас е идеално засилување во средниот ред за нивниот тим. Турскиот медиум „Аксам“ пренесува вест дека англискиот премиерлигаш понудил износ од 23 милиони евра за нашиот репрезентативец.
Во текстот на „Аксам“ се наведува дека за Елмас постои интерес и од страна на уште еден англиски гигант, Ливерпул.
Како и да е се очекува во летниот преоден рок да се води голема борба за потписот на Елмас и неговото име сигурно ќе биде поврзувано со големите европски клубови и тешко дека тимот на Фенербахче кој игра очајна сезона ќе успее да го задржи во своите редови.
Фенербахче кој пред почетокот секако имаше шампионски амбиции во овој момент се наоѓа на 13-тата позиција во турската суперлига.