Денес во Англија ја имаме Премиер лигата како едно од најатрактивните првенство во светот, што мислите како беше пред 130 години?
Токму на денешен ден во 1888 година, група ентузијасти во Манчестер договориле организација на првото првенство во Англија – најстариот шампионат во светот. Под името Фудбалска лига, договорот паднал на 17 април, а првиот натпревар бил одигран на 8 септември Вест Бромвич како гостин го совладал Стоук со 0:2.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интересно е што само тие два тима заедно со Евертон и Барнли се единствените клубови кои и денес се членови на Премиер лигта. Покрај нив во првата сезона учествувале уште: Акрингтон, Астон Вила, Блекбурн, Болтон, Дерби Каунти, Нотс Кантуи, Престон и Вулверхемптон.
Договорено било секој клуб да одигра по два натпревари (дома и на гости), а идејата за победа да се добиваат два, а за реми еден бод, ја однела победата во однос на предлогот само победниците да добиваат по бод. Исто така било договорено дека последните четири екипи би требало да испаднат од лигата, поточно кај организаторот пред стартот на новата сезона да поднесат ново барање за повторно учество.
Првата сезона не била премногу возбудлива, Престон бил тимот кој доминирал, со учинок од 18 победи и само четири нерешени средби, денешниот член на Чемпионшип ја освоил титулата пред Астон Вила која собрала 11 бодови помалку. Остана и забалежано дека Џон Гудал од шампионскиот тим бил најдобар стрелец со 21 гол на 22 натпревари.
Да потсетиме, ФА Купот е најстарото натпреварување во светот и истото стартувало 20 години пред Фудбалската лига.
Еве и како изгледала првата табела во англиското првенство.
ТИМОТ НА ПРЕСТОН