Барселона следната недела и официјално ќе потврди два големи трансфери, потврдија каталонските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што од поодамна беше најавено Барселона ги договори трансферите на Андреас Кристенсен од Челзи и Франк Кеси од Милан, кои ќе пристигнат како слободни играчи.
Во Барселона се појави страв дека клубот нема да може да ги регистрира, но откако се решија финансиските проблеми, се е спремно за официјално претставување.
Барселона засилено работи и на трансферите на Роберт Левандовски од Баерн и Рафиња од Лидс, како и на продажбата на Френки де Јонг.