Реал Мадрид наскоро би требало да објави дека е постигнат договор со Давид Алаба, објави денес „Марка“ на насловната страна.
Информацијата ја објави и познатиот италијански новинар, Фабрицио Романо кој на Твитер напиша дека Австриецот и Реал наскоро би требало и дефанитивно да објават дека доаѓањето на Алаба во Мадрид е завршена работа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зидан веќе подолго време сака да ја засили конкуренцијата во одбраната и тоа изгледа ќе биде со искусен играч како што е Алаба. Австриецот одби неколку понуди од Баерн за продолжување на договорот, а во првиот ден од новата година влезе во последните шест месеци од договорот и може да преговара со кого сака.
Во игра наводно е и Манчестер Јунајтед, но по нивно мислење Алаба барал премногу па Реал останал единствен кандидат. Алаба би требало да потпише договор на четири години со плата од четири милиони евра по сезона. Според најавите Алаба во Реал ќе пристигне на крајот од сезоната како слободен играч.
За Баерн Алаба одигра 404 натпревари, постигна 32 гола и забележа 49 асистенции.