Дома Топ вести СЕ ДОГОВАРААТ ПОСЛЕДНИТЕ ДЕТАЛИ: Познато кога ќе биде комплетиран трансферот на Кутињо

СЕ ДОГОВАРААТ ПОСЛЕДНИТЕ ДЕТАЛИ: Познато кога ќе биде комплетиран трансферот на Кутињо

Уште со самото отварање на зимскиот трансфер пазар веднаш се засилија шпекулациите за евентуалниот трансфер на Филипе Кутињо во Барселона.

Англиските медиуми денес пренесуваат дека Ливерпул нема да отстапи од своите услови и доколку се раздели со Кутињо, тоа со сигурност ќе биде британски трансфер рекорд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До овој момент најголема трансфер зделка на Островот е онаа на Пол Погба за кого Манчестер Јунатед плати 105 милиони евра. Се претпоставува дека Ливерпул е спремен да се радели со Кутињо, но само за сума од 130 милиони фунти.

„Сан“ пренесува дека „црвените“ сакаат 100 милиони да бидат платени веднаш бидејќи сакаат да инвестираат во нови фудбалери во јануари. Имено, Јирген Клоп сака веднаш да го добеде играчот на Шалке, Леон Горецка, па поради тоа клубот бара Барселона веднаш да ги плати првите 100 милиони евра.

Наводно, Каталонците се спрмени да платат приближна сума и веќе се договараат последните детали, а според некои извори трансферот на Кутињо може да биде финализиран уште денес или најдоцна утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…