Дома Трансфер зона Се води кон следното сценарио – Сергеј заминува, во Лацио „тријат раце“, а во игра се два клуба…

Се води кон следното сценарио – Сергеј заминува, во Лацио „тријат раце“, а во игра се два клуба…

savic

Од Рим стигна објаснување за ситуацијата на најдобриот фудбалер на Лацио оваа сезона, Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Лацио во текот на летниот и последниот зимски преоден рок успеа да го задржи одрличниот фудалер за врска, но во летото кое следи многу веројатно дека ќе „капитулира“, но и добро ќе заработи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ситуацијата е едноставна (со сета почит кон клубот) Лацио не е клуб кој во своите редови би можел да задржи фудбалер од каков што е Савиќ, барем не во денешниот фудбал.

За ситуацијата на Савиќ сега зборуваше и спортскиот директор на римскиот клуб Игли Таре.

„Не знам колку точно вреди Сергеј, но не сакам да размислувам за тоа. Секако дека таа сума е поголема од 80-90 милиони евра. Минатото лето одбивавме понуди кои помалку или повеќе беа на тоа ниво. Сергеј е важен играч за нас, но се уште не го прикажал најдоброто“.

„Интерес за Савиќ има и тоа е јасно. Но јас не сум добил ништо конкретно, нити пак сум зборувал со некого од Реал Мадрид“, изјави Таре.

Медиумите во Италија по оваа изјава на Таре пишуваат дека клубот има загарантирани 100 милиони, но се надеваат дека би можеле да го продадат и за 150. Јувентус кој покажуваше интерес веројатно нема да биде спремен да ја плати оваа сума, многу веројатно ни клубовите од Манчестер, па така игра остануваат Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…