Дома Трансфер зона Серхио Рамос зборуваше за Килијан Мбапе!

Серхио Рамос зборуваше за Килијан Мбапе!

Реал Мадрид се обидува на сите начини да го доведе Килијан Мбапе, 18 годишното „Чудо од дете“.

Позитивна работа за „Кралевите“ е што Мбапе е фан на Реал Мадрид. Меѓутоа, Монако прави проблем и не сака лесно да го пушти Мбапе и за неговите услуги бараат вистинско богатство.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неодамна „Марка“ објави ексклузива во која тврдеше дека Мбапе е нов фудбалер на Реал Мадрид во трансфер вреден 180 милиони евра.

Серхио Рамос пред вечерашниот натпревар против Барселона, откри што мисли кога во прашање е Мбапе.

„Вратата на Реал Мадрид е секогаш отворена за сите играчи кои сакаат да дојдат тука, посебно за него. Не одлучувам јас. Но, Мбапе е фантастичен играч со огромен потенцијал и ретки се фудбалерите како него. Парите играат голема улога во фудбалот денес и секој може да плати колку што сака за еден играч. Ако Килијан пристигне во Реал Мадрид, ќе му посакме големо добродојде“, порача Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…