Дома Фудбал Серхио Рамос:Подготвени сме да умреме за Зидан!

Серхио Рамос:Подготвени сме да умреме за Зидан!

Реал не ја отвори добро сезоната во Лигата на шампионите, па едноставно нема право на кикс на гостувањето кај Галатасарај.

„Кралевите“ играат бледо од почетокот на сезоната, па најмногу критики за тоа добива тренерот Зидан.

Во последно време се погласни се шпекулациите за отказ на Зидан, но капитенот Рамос застана цврсто во негова одбрана.

„Целата соблекувална е подготвена да умре за Зидан. Мора да покажеме дека веруваме во него и сме обединети како тим. Реал Мадрид секогаш се враќа посилен од порано. Сега во нашите глави е само како да победиме во овој натпревар против Галатасарај. Ние мора да дадеме се од себе и да ги игнорираме критиките и пофалбите“, изјави Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда го продаде за осум милиони евра, а Мијатовиќ сега тешко стигнува и до стартниот тим

Јован Мијатовиќ има само еден гол на 21 настап за Ајнтрахт Брауншвајг, а сезонава само едн…