Дома Фудбал Сериозен проблем за Зидан: Реал овој викенд без половина тим!

Сериозен проблем за Зидан: Реал овој викенд без половина тим!

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан се најде во огромни проблеми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот стратег остана без половина тим после репрезентативната пауза па за саботниот натпревар против Мајорка „кралевите“ ќе бидат и тоа како ослабени.

Лукас Васкез, Начо и Тони Крос сигурно нема да играат поради повреда, а извесно е и дека Зидан нема да може да смета на Лука Модриќ и Герет Бејл.

Првиот голман Тибо Куртоа и стоперот Рафаел Варан исто така се под голем знак прашалник и ќе биде изненадување ако ги видиме во составот.

Реал и онака од почетокот на сезоната имаше сериозни проблеми, посебно со формата, а сега ги мачат и повредите кои би можеле да влијаат на резултатите.

Мадритскиот тим ќе игра и во Лигата на шампионите кон средината на неделата каде што ќе мора да патува во Инстанбул на натпревар против Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крај на сите дилеми: Се огласи и фудбалерот поради кој беше поништен голот на Хрватска!

Откако заврши натпреварот меѓу Хрватска и Португалија, најголемото прашање беше – да…