Португалија неславно го заврши Мундијалот во Катар, а се шпекулираше и дека тие натпревари може да бидат крај за Кристијано Роналдо во националниот дрес.
Сепак, од тоа нема ништо. Новиот селектор, Роберто Мартинез го повика Роналдо и тој е на списокот за натпреварите со Лихтенштајн и Луксембург.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Се сретнав со сите 26 играчи кои беа во Катар. Важно е да зборуваме, да ја видам нивната посветеност, а Роналдо е многу посветен фудбалер. Ова е моја одлука. Тој може да ни донесе многу искуство и ќе биде важен дел од тимот. Не ме интересираат годините. Кристијано има каракстеристики на победник и сакам тоа да го пренесе на останатите играчи“, изјави селекторот на Белгија.
СПИСОКОТ НА ПОРТУГАЛИЈА:
Голмани: Диого Коста (Порто), Хозе Са (Вулверхемптон), Руи Патрисио (Рома);
Одбрани: Диого Далот (Манчестер Јунајтед), Жоао Кансело (Манчестер Сити), Данило Переира (ПСЖ), Пепе (Порто), Рубен Диас (Манчестер Сити), Антонио Силва (Бенфика), Гонзало Инасио (Спортинг), Диого Леите (Унион). Берлин), Нуно Мендеш (ПСЖ), Рафаел Гереиро (Дортмунд);
Играчи од средниот ред: Жоао Палиња (Фулам), Рубен Невес (Вулверхемптон), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Жоао Марио (Бенфика), Матеус Нунес (Вулверхемптон), Отавио Монтеиро (Порто), Витиња (ПСЖ) ;
Напаѓачи: Кристијано Роналдо (Ал Наср), Гонзало Рамос (Бенфика), Жоао Феликс (Челзи), Рафаел Леао (Милан), Диого Жота (Ливерпул).