Фудбалерите на ВБА денеска направија сензација на „Олд Трафорд“, бидејќи го победија Манчестер Јунајтед со 1:0 во рамките на 34. коло од Премиер лигата. Со овој пораз, Манчестер Јунајтед и официјално се збогуваше со титулата.
Иако ВБА практично веќе долго време испадна од лигата, тоа очигледно не му сметаше со многу мотиви да дојде денеска на „Олд Трафорд“ и да покаже дека се уште може да одигра добар натпреар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Треба да се каже и тоа дека Манчестер Јунајтед одигра многу лош натпревар и дека екипата на Мурињо не креираше многу шанси пред голот на гостите. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат пред самиот крај, поточно во 73. минута кога Родригез ја затресе мрежата на Де Геа за 0:1. Тој резултат подоцна ќе излезе и како конечен.
Со овој пораз немаше зналителна промена на табелата, бидејќи Јунајтед остана на втората позиција со 71 бод, додека ВБА се уште е на дното од табелата со 24 бода, односно девет помалку од сигурната зона. Треба да се додаде дека Сити по овој натпревар и официјално стана нов шампион, бидејќи сега разликата на табелата е недостижна за Јунајтед.