Дома Македонски спорт Мак баскет Сензационално: Најсупешниот македонски селектор се враќа во мак-баскетот за да биде тренер на второлигаш!

Сензационално: Најсупешниот македонски селектор се враќа во мак-баскетот за да биде тренер на второлигаш!

Поранешниот македонски селектор, предводник на славната генерација која во 2011 година го освои четвртото место на ЕП во Литванија ќе ја води екипата на МКК Куманово во наредните четири години.

МКК Куманово е клуб кој е формиран во 2018 година и до пред извесно време беше и третолигаш, па затоа доведувањето на најуспешниот македонски селектор е сензационално.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Најуспешниот и еден од најдобрите кошаркарски тренери во историјата на Македонија, Марин Докузовски е новиот тренер на Младински Кошаркарски Клуб Куманово кој се натпреварува во втората кошаркарска лига. Клубот постои од 2018 година, а во состав на клубот има младински кошаркарски школи од 12, 14, 16 и 18 години кои работат на развој и создавање на нови локални кошаркарски таленти.

Согласно амбициите на управата на клубот за развој на кошарката во Куманово и враќање на победничкиот дух и традиција на кумановската кошарка, Марин Докузовски ќе го предводи тимот во наредните 4 години.

Здружение кошаркарски клуб МКК КУМАНОВО (Младински кошаркарски клуб Куманово) е формиран во 2018 година и се занимава со обука на деца и млади спортисти од Куманово за натпревари, унапредување и промовирање на кошарката во градот и подигнување на јавната свест за значењето на спортот и здравиот живот, а во своите редови има 230 кошаркари“, објавија од клубот.

Треба да се напомене дека МКК Куманово не е поврзан со КК Куманово кој во минатата сезона од првата испадна во втората лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …