Претходните недели многу си пишуваше за можно заминување и каде Кристијано Роналдо би можел да ја продолжи кариерата. Најреална е да остане во Манчестер Јунајтед, но се појавија информации дека новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг не го сака во својот тим.
Италијанската „Република“ тогаш објави изненадувачка вест дека Рома со Жозе Мурињо се обидува да го донесе Роналдо, сега изминатата вечер шпанска „Марка“ пренеусва нова сензационална вест.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, според реномираниот шпански медиум Роналдо идната сезона би можел повторно да го носи дресот на Реал Мадрид!
Според „Марка“, Роналдо има голема желба да се врати во Мадрид и следната сезона да игра во Лигата на шампионите, што не му го овозможува Манчестер Јунајтед.
Овој факт може да има голема улога во големото враќање на Роналдо на „Бернабеу“ Португалецот мина девет години во Мадрид, од 2009 до 2018 година играше за „кралскиот“ клуб и со него освои четири европски титули.