Најбрзиот човек на светот, Усаин Болт не се откажува од фудбалската кариера, конечно пронајде нов клуб.
Болт ќе се обиде да добие договор со клубот од австралиската прва лига, Централ Коаст Маринерс, каде што ќе биде прво на проба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јамајканецот веќе долго време бара фудбалски клуб, а не ја крие желбата еден ден да го облече дресот на славниот Манчестер Јунајтед. Во овој момент такво нешто изгледа невозможно иако одржа неколку тренинзи со Борусија Дортмунд.
31 годишниот светски рекордер на 100 и 200 метри ќе добие проба од шест недели после што клубот ќе одлучи дали ќе му понуди договор.
Освен тренинзите со Борусија Дортмунд, Болт одигра и пријателски натпревар за норвешкиот Стромгест против јуниорската селекција на Норвешка.
Да потсетиме, овој клуб претходно се обидуваше да го доведе Фернандо Торес, но не успеаа во таа намера.
.@CCMariners have confirmed they're in talks to sign @usainbolt.
They've also delivered a clear blueprint of what he has to do to earn a professional contract: https://t.co/XqGgFDYkXj pic.twitter.com/9aSIX863St
— Hyundai A-League (@ALeague) July 17, 2018