Дома Трансфер зона Сега е јасно зошто не игра: Реал го купил само за да не заврши во Барса

Сега е јасно зошто не игра: Реал го купил само за да не заврши во Барса

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид не беше многу активен во летниот преоден рок и донесе само двајца талентирани фудбалери – Тео Хернандез и Дани Себаљос.

Бившиот играч на Бетис поседува огромен потенцијал, минатата сезона беше еден од најдобрите играчи за врска во Примера, а беше избран и за најдобар фудбалер на Европското првенство за млади.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Флорентино Перез реши да го доведе во Реал и за него плати 18 милиони евра, но Себаљос никако да се избори за поголема минутажа на „Сантиаго Бернабеу“.

И покрај фактот што добро ја користи минутажата која ја добива и постигна два гола против Алавес, сепак Зидан нема голема доверба во него.

Шпанските медиуми тврдат дека Перез знаел дека Себаљос нема да добива голема минутажа, но го купил само за да не заврши во Барселона.

Шпанскиот плејмејкер е голем потенцијал и може да блесне на „Камп Ноу“, па Перез сакал само да им „наштети“ на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …