Севиља очекувано го отпушти тренерот Пабло Мачин по серијата лоши резултати, кои кулминираа со елиминацијата вчера од Лигата на Европа.
Андалузијците беа елиминирани од Славија Прага, што ја прели чашата, па челниците одлучија да реагираат и му врачија отказ на Мачин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До крајот на сезоната, тимот ќе биде предводен од Хоакин Капарос, поранешен тренер на тимот, кој беше на чело во периодот 2000-2005 година и стекна легендарен статус во овој клуб.
62-годишниот Капарош ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, а целта ќе биде да ја врати Севиља во Лигата на шампиони следната сезона, односно да заврши во Топ 4 во Примера.
Падот на Мачин започна во почетокот на 2019 година, кога Севиља победи на само два од последните 11 меча, па падна на 6-то место на табелата.
Joaquín Caparrós releva a Pablo Machín al frente de la primera plantilla del #SevillaFC.
Toda la información ➡️ https://t.co/0NisS6HOzR#vamosmiSevilla #WeAreSevilla pic.twitter.com/Fc0hzLydnB
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) March 15, 2019
Ова е десетта тренерска промена во шпанската елита во текот на сезоната – по две во Реал Мадрид, Селта и Виљареал, а една во Хуеска, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад.