Репрезентациите на Франција и Белгија денес во Санкт Петербург ќе го дадат првиот финалист на Светското првенство вечерва. Дербито на соседите според многумина ќе биде „финале пред финалето“, па победникот од овој меч ќе се смета како фаворит за освојување на трофејот.
Франција ќе се бори за своето трето финале на Мундијалите, додека Белгија ќе се обиде да дојде до првото финале на натпреварувањето помеѓу најдобрите репрезентации во светот.
Историја и традиција
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Франција и Белгија имаат долга фудбалска историја, меѓу себе одиграле 73 натпревари, Французите победиле 24 пати, Белгијците 30, а 19 меча завршиле со реми. Пласманот на двете репрезентации во завршницата не е некое поголемо изненадување, бидејќи и пред почетокот на завршниот турнир се сметаа за фаворити од сенка. Ова најмногу поради големиот број квалитетни фудбалери на сите позиции во двата состава.
Французите беа импресивни на СП 2018. Групната фаза ја поминаа без проблеми, по двете победи, над Австралија (2-1) и над Перу (1-0) и ремито со Данска (0-0). Во осминафиналето „падна“ Аргентина (4-3), а во четвртфиналето полесно од очекувањата го совладаа Уругвај со 2:0.
Белгија пак има „златна генерација“ на фудбалери и тоа го докажа на ова Светско првенство. Тие се единствената репрезентација на СП во Русија, што е со максимален ефект, пет победи на исто толку натпревари, со гол-разлика 14-5. Ова е уникатна шанса за Белгија да го игра првото финале во историјата, а претходното учество во полуфинале датира од пред 32 години.
Повреди и суспензии
Добрата вест е враќањето на Блас Матуиди, кој го пропушти натпреварот против Уругвај. Играчот на Јувентус ќе има многу важна задача во средината на теренот, каде што заедно со Пол Погба и Нголо Канте ќе треба да ги сопре брзите и технички добро поткованите Белгијци. Капитенот Уго Лорис го има најсилното првенство со репрезентацијата и инспирира доверба на дефанзивците пред себе. Дидие Дешамп повторно ќе и верува на четворката Бенжамен Павар, Рафаел Варан, Семуел Умтити и Тео Ернандез, а во офанзива ќе дејствуваат Оливие Жиру, Антоан Гризман и Килијан Мбапе.
Белгискиот селектор Роберто Мартинез има еден голем проблем – отсуството на Тома Муние, кој е суспендиран поради акумулирани картони. Ова најверојатно ќе резултира со враќање на Јаник Караско во стартниот тим Овој пат тој ќе биде поставен на десната страна, а лево ќе биде Насер Чадли. Тројцата дефанзивци пред Тибо Куртуа ќе бидат Јан Вертонген, Тоби Алдервеирелд и капитенот Венсан Комапни, а во средината на теренот ќе играат Кевин де Бруин, Аксел Витсел и Маруан Фелаини. Ромелу Лукаку ќе го предводи нападот заедно со Еден Азар, а Дрис Мертенс ќе остане на клупата.
Битката се добива на средината од теренот
Ова сигурно ќе биде израмнет дуел на две многу силни репрезентации, па тој што ќе ја добие битката на средината од теренот најверојатно ќе излезе како победник. Двата тима имаат силен среден ред кој е мешавина од физичка сила и технички квалитет. Секоја загубена топка на средината на теренот ќе биде шанса за брза транзиција во напад, Белгија преку Азар – Де Брујн, а Франциија преку Гризман – Мбапе. Сепак, се очекува нешто поофанзивни да бидат „триколорите“, а „ѓаволите“ да чекаат шанса за контрапад. Клучна ќе биде битката на средината на теренот помеѓу Канте и Де Брујн, доколку играчот на Челзи го запре „малиот руменко“ тогаш Белгија ќе има проблем во транзицијата према напред.
Веројатни состави:
Франција: Лорис, Павар, Варан, Умтити, Ернандез, Матуиди, Погба, Канте, Гризман, Мбапе, Жиру.
Белгија: Куртоа, Вертонген, Алдервеирелд, Комапни, Де Бруин, Витсел, Фелаини, Чадли, Караско, Азар, Лукаку.
Букмејкерите исто така очекуваат израмент натпревар. Според Coinbet24 коефициентот за победа на Франција изнесува 2.46 за реми 3.20 додека за победа на Белгија коефициентот е 2.98.
Предлог тип:
Реми на полувреме @2.12 во Coinbet24
Двата тима даваат гол @1.81 во Coinbet24