Дома Фудбал Англија Сари: Челси има добар тим, но такви има уште пет-шест во Англија

Сари: Челси има добар тим, но такви има уште пет-шест во Англија

Италијанскиот струќњак Маурицио Сари го даде првото интервју од именувањето за нов менаџер на Челси.

Сари, пред се му се заблагодари на поранешниот клуб Наполи, а потоа продолжи за својот нов клуб и лигата во која доаѓа.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„За почеток, им благодарам на Наполитанците кои претходните три години ми помогнаа на сите можни начини. Ќе ги сакам засекогаш.“ – изјави Сари и продолжи:

„Челси има добар тим, но проблем е што во Англија постојат уште пет-шест такви екипи. Со една или две промени ќе се обидеме да го играме фудбалот кој го сакам. Драго ми е што ќе се натпреварувам со Клоп, Покетино, Гвардиола, Мурињо и останатите. Целиот тренерски крем е во Премиер лигата.“

Маурицио Сари ги потсети новинарите дека неговиот англиски за сега е доста лош и ги замоли за трпение ветувајќи дека ќе се подобри.

„Мојот англиски не е добар, а почнав да учам пред 30 години. Меѓутоа, од тогаш сум го целосно заборавил.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кевин Де Брујне се приклучува на новиот шампион на Италија ?

Според италијанските медиуми, Наполи го финализирал договорот и планира да го донесе 33-го…