Maурицио Сари ова лето се врати во Италија и го превзема Јувентус.
Италијанскиот стратег помина дна година во Челзи каде што во текот на сезоната често пати беше мета на критики на навивачите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најтешко на фановите на Челзи им падна веројатно поразот од Манчестер Сити со резултат 6:0 во февруари оваа година, но изгледа и дека некои играчи на Челзи ги изгубиле нервите после оваа бламажа.
Имено, поранешниот голман на „сините“ Роб Грин кој тогаш не беше помеѓу играчите кои играа на овој натпрвеар отрки дека го нападнал Сари после високиот пораз.
„Се му кажав во лице: Ти немаш план Б! Ти си еден вид на менаџер на кој времето ќе му помине. Повеќето играчи се плашат да ти го кажат ова што ти го кажувам јас, но мене не ми е гајле какви чекори ќе превземеш – што, ќе ме отпуштиш?!“.
„Разговарав со него 15-тина минути. Многу после тоа ми кажаа дека сум го кажал она што тие сакале да го кажат, но не можеле. Ако кажеа нешто такво тоа можеше да влијае на нивното место во тимот и иднината во клубот“, откри Грин.