Дома Македонски спорт Мак ракомет Сара Ристовска: Имаме напредок и се надевам дека ќе го покажеме на првенството!

Сара Ристовска: Имаме напредок и се надевам дека ќе го покажеме на првенството!

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска денес присуствуваше на прес-конференција по повод Европското првенство за жени.

Првенството ќе се одржува од 4 – 20 ноември, а меѓу најдобрите 16 европски селекции, македонската женска ракометна репрезентација во прелиминарната фаза ќе настапи во рамки на групата Ц, заедно со Холандија, Романија и Франција.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ристовска се заблагодари на Ракометната федерација на Македонија што на Македонија како една од земјите домаќини и овозоможила настап на едно големо натпреварување.

„Дел од репрезентацијата сум веќе 10 година, игравме претквалификации и квалификации, но никогаш не сме биле на првенство. Големо благодарам до РФМ шот ни овозможи и го прифати предизвикот да бидеме дел од ЕП.

 Има подмладување во репрезентација и многу е полесно затоа што со селекторот Савевски се гледа напредок, дел од кадетките се сениори. Се надевам дека напредокот кој го имаме ќе се покаже на првенството“, изјави Ристовска.

Покрај Македонија земји домаќини се уште Црна Гора и Словенија.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Елиминацијата на Алкараз е одлична вест за Ѓоковиќ и Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изненадувачки беше елиминиран во четвртфиналето на турнир…