Во текот на целото лето се најавуваше и се пишуваше за потенцијалниот трансфер на Џејдон Санчо во редовите на Манчестер Јунајтед, но изгледа дека од тоа нема да има ништо.
Германскиот клуб му даде рок на Јунајтед до 10, август да испрати официјална понуда со сумата која тие ја бараат, околу 100 милиони евра и порачаа дека ако Санчо отпатува на припреми со екипата во Швајцарија се ќе биде завршено. Рокот за Јунајтед стигна, додека официјална понуда од Јунајтед не пристигна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот репрезентативец утрово со екипата отпатува на припреми во Швајцарија и беше во центарот на вниманието на аеродромот. Од неговиот лик медиумите тврдат дека било јасно да се заклучи дека не е најдобро расположен.
Медиумите во Англија пишуваа дека Санчо дури и се простил од соиграчите и струшниот штаб на крајот од сезоната и им кажал дека многу веројатно оди во Манчестер Јунајтед.
Но, тоа на крајот не се случи и како што стојат работите во овој преоден рок и нема да се случи. Поради тоа Санчо утрово не бил расположен и игнорирал се што се случува околу него.