Сега Алексис го сака она што не го сакаше, но Арсенал се предомисли…
Во Франција тврдат дека Алексис Санчез се согласил на условите од ПСЖ. Се шпекулира за сума од околу 17 милиони евра по се зона со што Санчез би станал трет најплатен фудбалер во Европа, но Арсенал сега прави проблеми.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Проблемот не е во платата на Санчез, туку во оштетата која ја бараат „топџиите“. Французите немаат намера да платат 60 милиони евра за играч кој наредното лето би можеле да го добијат бесплатно.
Нивната понуда е околу 40 милиони, евентуално 45 со бонуси, што не е доволно. Венгер знае дека за таа сума не може да пронајде замена, а без Санчез тешко би стигнале до Лигата на шампионите и во наредната сезона.
Ако повторно не избори пласман во елитата, Арсенал би ги изгубил и тие пари, па повеќе му се исплати да го задржи Санчез и да ризикува да го изгуби наредното лето без оштета.