Дома Фудбал Англија Сане откри кој англиски гигант го одбил пред да пристигне во Манчестер Сити

Сане откри кој англиски гигант го одбил пред да пристигне во Манчестер Сити

Сане имал прилика да соработува со Јирген Клоп, но во 2016. година одлучил од Шалке да се пресели во Манчестер Сити, со кого незапирливо оди кон титулата оваа сезона.

„Да, вистина е, разговарав со Ливерпул. Јирген тогаш ме повика, разговараше со мене, но го одбив. Го запознав додека работаше во Борусија, добар човек е и добро работи со Ливерпул“, изјави Сане, па додаде:

„Имав можност да одам кај него и во Борусија, но не сакав. Можам да кажам дека два пати го одбив“.

Лерој Сане игра одлично под водство на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити и е еден од најдобрите играчи на клубот од „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србија се бори за опстанок во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Србија се соочува со клучен натпревар против Холандија во об…