Тимот на Лос Анџелес стигна до трофејот во МЛС Купот во САД откако во финалето беа подобри од Спортинг Канзас со 3:1.
Францускиот ветеран Оливие Жиру го отвори резултатот, а потоа по еден час игра Томи донесе изедначување за тимот од Канзас. Сепак, во продолжение Кампос и Камара погодуваа за конечен триумф и трофеј за Лос Анџелес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На трофејот се израдува и некогашниот голман на Тотенхем, Хуго Лорис кој 12 години немаше клупски трофеј како играч на Тотенхем.
Претходно освојуваше трофеи со Лион, а во меѓувреме и со репрезентацијата на Франција.