Дома Фудбал Салихамиџиќ се огласи по критиките: Ќе анализираме, мораме да постигнуваме повеќе голови

Салихамиџиќ се огласи по критиките: Ќе анализираме, мораме да постигнуваме повеќе голови

Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан добија жестоки критики од навивачите на Баерн Минхен по елиминацијата од Манчестер сити во Лигата на шампиони.

Салихамиџиќ и Кан ги налутија навивачите затоа што го отпуштија Јулијан Нагелсман во важен дел од сезоната, а екипата има ужасни резултати по доаѓањето на Томас Тухел.

„Правиме сè за клубот и се трудиме тоа да биде најдобро. Секако, мора да живеете со критиките затоа што резултатите сè уште ги нема. Мораме да постигнуваме повеќе голови. Ќе ја анализираме ситуацијата и на лето со стручниот штаб ќе купиме нови засилувања“, изјави Салихамиџиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мрежите не мируваат: Лигата на шампионите урна два голгетерски рекорда!

По три кола во сезоната 2026/27 веќе се постигнати 221 гол, а просекот надминува четири по…