Дома Фудбал Англија Салах убеден: Можеме да ги освоиме ЛШ и Премиер лигата

Салах убеден: Можеме да ги освоиме ЛШ и Премиер лигата

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах верува дека неговиот тим има квалитет оваа сезона да ги освои двата најпрестини трофеи, тој во Премиер лигата и Лигата на шампиони.

Ливерпул фантастично ја отвори сезоната и во првите пет кола запиша пет победи, а вечерва ја започнуваат битката за ЛШ и тоа веднаш против еден од фаворитите, ПСЖ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Убеден сум дека можеме да ги освоиме и ЛШ и Премиер лигата. Само треба вака да продолжиме. Не сакам со оваа изјава да создавам психолошки притисок во тимот, но се е можно“, изјави Салах.

Ливерпул минатата сезона стигна до финалето во ЛШ, но не успеа да го подигне пехарот бидејќи беше поразен од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Каква промена: Ерлинг Халанд донесе одлука за која зборува цела Европа

Како што пишуваат норвешките медиуми, а пренесува “Мирор”, Напаѓачот на Манчес…