Мохамед Салах неодамна го продолжи договорот со Ливерпул, но би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.
Ливерпул игра лоша сезона и големи се шансите на крајот да остане без пласман во Топ 4 и играње во Лигата на шампиони.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Салах сериозно размислува да ја промени средината на крајот на сезоната. Ливерпул верува дека сега е вистинско време за продажба на 30-годишниот крилен напаѓач.
Најсилен интерес за Египќанецот покажуваат ПСЖ, Јувентус и Милан, а се претпоставува дека Ливерпул ќе се согласи да го пушти за сума од 60 милиони фунти.
Сепак, неговата висока плата би била проблем за италијанските клубови, па поради тоа ПСЖ е фаворит за потписот.