Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах денеска и официјално беше избран за најдобар играч во Премиер лигата за оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Салах оваа сезона ја надмина својата конкуренција во Англија и заслужено ја доби наградата за играч на сезоната. Речиси сигурно Египќанецот ќе биде и најдобриот стрелец во Премиер лигата, бидејќи постигна 31 гол, а денеска се игра последното коло на Островот.
Фудбалерот на „Црвените“ во последните неколку недели влезе во „тивка војна“ со напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој сакаше на сите начини да го стигне Салах и да биде прв стрелец. Салах за англиските медиуми откри дека и тој има Фантази екипа, а намерно или не, во неа го нема Кејн.
„Го имам Куртоа и Хегази, го имав и Елнени, но го продадов. Тука се и Фирмино, Мане, Варди, Матиќ, Азар и Де Брујн, а се имам и самиот себе“, изјави Салах и призна дека ги следи случувањата на оваа игра и дека за кратко време станал „зависник“.