Роналд Куман откако седна на клупата на Барселона е спремен да направи голема реконструкција на тимот.
Откако заврши сагата со Лионел Меси на „Камп Ноу“, Каталонците може да се посветат на нови засилувања.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Британски „Експрес“ пишува дека Мохамед Салах е главна желба на Куман, но поради неговиот статус во Ливерпул, тешко ќе се реализира трансферот.
Не е тајна дека и претходно Барса пројавила интерес за првата ѕвезда на „црвените“, но тогаш активна беше клаузулата од договорот со Кутињо, во која шпанскиот тим не смееше две години да пазари од „Енфилд“.
Сега и самиот Салах покажува интерес за преселба на „Камп Ноу“, а тоа може да го навлече бесот на навивачите на Ливерпул.
Сепак, за реализација на овој трансфер на Барселона сигурно ќе и бидат потребни околу 200 милиони евра, па поради тоа тоа трансфер е многу тежок за реализација.