Дома Фудбал Англија Салах и Ингс се кладеле, има ли некаква шанса напаѓачот на Саутемптон?

Салах и Ингс се кладеле, има ли некаква шанса напаѓачот на Саутемптон?

Дани Ингс призна дека се кладеле со Мохамед Салах пред почетокот на оваа сезона.

Ингс и Салах беа соиграчи во Ливерпул, но овој не се изнаигра, покрај Египќанецот, Мане и Фирмино, но добро се снајде во Саутемптон.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Постигна еден погодок на три премиерлигашки натпревари и верува дека ова може да биде негова сезона, а мотивот го гледа во кладбата со Салах. Имено, тие се кладеле кој повеќе голови ќе постигне во претстојната сезона.

Секако дека поголема шанса има Салах, кој беше брилијантен претходната сезона, а во оваа постигна два во првите четири натпревари.

„Луѓето би помислиле дека сум луд што се кладам на такво нешто, но не играме на пари. Не сум толку глуп да ставам пари на таква кладба. Немам никаква посебна цел, само сакам да играм што подобро и да победуваме.“ – изјави Ингс.

„Ако победам, Салах не мора да ми купи автомобил или нешто слично, но ако сака може.“ – порача поранешниот играч на Црвените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА размислува за промена на ВАР правилата за Мундијалот

Луѓето кои ја водат ФИФА сакаат да ги намалат грешките во судењето на претстојниот Мундија…