Фудбалерот на египетската репрезентација и Ливерпул Мохамед Салах е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.
Во неодамнешното интервју за Скај Спорт, тој откри дека е голем љубител на шахот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Салах го игра секој ден, а вели дека би сакал еден ден да игра против Магнус Карлсен, најдобриот шахист во светот.
„Зависник сум од шах, играм буквално секој ден на интернет. Никогаш не го откривам моето име, но ставам некои бројки и потоа луѓето ме прашуваат дали сум Мо Салах.
Јас велам дека сум, па ми велат дека лажам. Добар сум. Не сум Магнус Карлсен, но добар сум. Никој нема шанси против Магнус, но се надевам дека еден ден ќе играм против него. “ изјави Салах.