Дома Фудбал Англија Салах вечерва одлучил да го декласира Лидс: Гостите веќе по 45 минути можат да си заминат дома

Салах вечерва одлучил да го декласира Лидс: Гостите веќе по 45 минути можат да си заминат дома

Ливерпул после првото полувреме веќе има водство од 3:0 против Лидс.

На крилата на Мохамед Салах, Црвените имаат голема предност и Лидс може да си оди дома уште на полувреме.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Салах постигна два гола од пенал. Тој реализираше удари од 11 метри во 15. и 35. минута од натпреварот, а во меѓувреме запиша и асистенција.

Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип тргна напред, одлично комбинираше со египетската ѕвезда и погоди за 2-0.

Избраниците на Јирген Клоп имаа неверојатна доминација во првото полувреме. На гостите не им беше дозволен ниту еден удар во првото полувреме, а тие имаа 11, седум во рамката од голот.

Со оваа победа Ливерпул ќе биде на три бода од Манчестер Сити и борбата за титулата е отворена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…