Дома Топ вести САД и Уругвај со победа го започнаа настапот на Копа Америка

САД и Уругвај со победа го започнаа настапот на Копа Америка

Фудбалските репрезентации на САД и Уругвај се покажаа како пресилни противници за Боливија и Панама на стартот на „Копа Америка“.

Американците триумфираа со 2:0 против Боливија, поведоа веќе во третата минута со прекрасниот гол на Кристијан Пулишиќ, а во финишот на првото полувреме дојде и вториот погодок, овојпат асистент беше Пулишиќ, а реализираше Фоларин Балогун.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Боливија во вториот дел влезе со три измени, но ништо не се смени во самата игра, САД сепак доминираа, создаваа прилики, единствената разлика е што не постигнаа гол.

Уругвај ја продолжи победничката серија против Панама која ја совлада со 3:1. Уругвајците дојдоа во предност во 16 минута преку Максимилијано Араухо. До крајот на првото полувреме Уругвај имаше уште добри шанси, но резултатот не се менуваше.

Во вториот дел Панама веднаш опасно се закани преку Пума, не израмни, а на крајот од натпреварот Уругвај го реши прашањето на победникот. Најпрвин Дарвин Нуњез зголеми на 2:0, а потоа Матиас Вина го постигна третиот гол. Панама успеа само да намали на 3:1 со голот на Михаел Муриљо во 95 минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија го доби и петтиот претставник на Олимписките игри во Париз

Македонија го доби и петиот учесник на Олимписките игри кои ова лето ќе се одржат во Париз…