Дома Кошарка Русите до Тодоров: Каде ви е Мекејлеб?

Русите до Тодоров: Каде ви е Мекејлеб?

Кошаркарската репрезентација на Македонија вчера играше натпревар против Русија во рамките од квалификациите за Евро 2021 година.

Русија беше фаворит, но избраниците на селекторот Александар Тодоров одиграа храбро и беа блиску до изненадување.

По поразот на прес-конференцијата селекторот Тодоров доби и едно интересно прашање – зошто во репрезентацијата го нема Лестер Бо Мекејлеб?

„Ние имаме неколку одлични домашни плејмејкери, проблем ни беше играта под обрачите. Поради тоа се одлучивме местото за странец да му го понудиме на Витигтон“, гласеше одговорот на Тодоров.

Инаку Русите го паметат Мекејлеб по натпреварот против нив во борбата за трето место на Европското првенство во 2011 година. Тогаш Мекејлеб одигра одлично и малку недостастуваше да го шокираме русите во натпреварот за медал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ПАОК го сака Дорси, Олимпијакос бара пет милиони евра?

Според италијанска „Република“, Тајлер Дорси е блиску до тригодишен договор со ПАОК, додек…