Управата на Реал Мадрид уште еднаш доби порака да заборави на Роберт Левандовски.
Полскиот репрезентативец во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а веќе долго време во своите редови сака да го види Реал, кој е спремен да плати вистинско богатство. Без оглед на шпекулациите кои стануваат се погласни, во Баерн не се загрижени и велат дека Лева останува во Бундеслигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нема потреба некој да се грижи за односот помеѓу Левандовски и Баерн, сосема е добар и коректен. Знам што имаме во Левандовски и среќни сме, бидејќи имаме долгорочен договор со него .Нема место за загриженост, тој и следната сезона ќе игра во Баерн“, изјави Румениге.
Левандовски има договор со Баерн до 2021. година. Оваа сезона во Бундеслигата одигра 29 натпревари и постигна исто толку голови, а на контото има и една асистенција.