Дома Топ вести Рудигер е најблиску до Реал Мадрид

Рудигер е најблиску до Реал Мадрид

Дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер планира да донесе конечна одлука за својата иднина во рок од неколку дена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


29-годишниот дефанзивец стана клучен играч во одбраната на Челси под водство на Томас Тухел. Сезонава има забележано 47 натпревари на сите турнири на кои има постигнато 5 гола. Сепак, неговиот договор истекува на крајот на јуни и ќе замине како слободен агент.

Неколку клубови се заинтересирани за неговиот потпис, сепак Германецот е најблиску до преселба во Реал Мадрид.

Рудигер е посочен како примарна трансфер цел во одбраната, раководството на „кралевите“ преговара со неговиот агент и двете страни се блиску до договор.

Според информациите Рудигер за договор на четири години со Реал побарал огромни 55 милиони евра. Олеснителна околност за Германецот е што Реал не би платил оштета, но и дел од платата ќе биде исплатена во бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…