Дома Фудбал Останато „Роналдо треба секое утро да му заблагодарува на Бог што играл со Бензема“

„Роналдо треба секое утро да му заблагодарува на Бог што играл со Бензема“

Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано е познат по тоа што нема влакна на јазикот.

Касано беше дел од Реал Мадрид и често дава пофални зборови за Карим Бензема, кој игра неверојатно оваа сезона.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Касано често се појавува на италијанската телевизија во различни фудбалски емисии, а неговите изјави често привлекуваат големо внимание.

„Роналдо треба секое утро да каже, ти благодарам Боже затоа што играв со Бензема. Тоа што го прави Французинот по заминувањето на Роналдо покажува дека е комплетен напаѓач. Роналдо даваше многу голови, но погледнете колку пати Бензема му асистираше. А ако го немаше него во Реал, тешко дека Роналдо ќе постигнеше толку многу голови“, изјави Касано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…