Дома Фудбал Англија Роналдо со апел до соиграчите да останат обединети

Роналдо со апел до соиграчите да останат обединети

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо ги повикал соиграчите на единство и поддршка за менаџерот Оле Гунер Солскјер.

Англиските медиуми пренесуваат дека Португалецот изјавил во соблекувалната дека секој играч, независно дали ја загубил довербата во Норвежанецот, треба да го даде максимумот од себе си на теренот и да му дава поддршка на тренерот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


И покрај сите шпекулации дека Солскјер може да добие отказ, се поизвесно е дека Норвежанецот ќе остане на клупата и ќе го води тимот на дербито со Тотенхем во недела.

Дел од играчите на Манчестер Јунајтед ја загубиле довербата во Солскјер, но Роналдо упатил апел до сите да го дадат максимумот и да се однесуваат професионално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…