Дома Фудбал Останато Роналдо се прости со емотивна порака: Сонот заврши!

Роналдо се прости со емотивна порака: Сонот заврши!

Португалија загуби од Мароко со 0-1 во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, а со тоа заврши и сонот на Роналдо да ја освои „Божицата“.

Роналдо ниту од својот петти обид не стигна до титулата која му недостига и најверојатно никогаш нема да го освои трофејот затоа што е блиску до репрезентативна пензија.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Освојувањето на СП со Португалија беше мојот најголем и најамбициозен сон во кариерата. За жал, по освојување на многу титули на интернационално поле, вклучувајќи ја и Португалија, сонот се урна вчера. Се борев, се борев силно за овој сон. Во пет настапи давав голови на СП во 16 години, секогаш покрај големи играчи и со поддршка на милиони Португалци. Дадов се што имав. Никогаш не бегав од битката и никогаш не се предадов о тој сон. За жал, тој сон заврши и не вреди да се реагира во жештината на моментот. Сакам само да знаете дека многу работи се кажаа, се напишаа, се шпекулираа, но мојата посветеност кон татковината остана иста. Секогаш се борев за заедничката цел и никогаш не го свртев грбот на моите соиграчи и на мојата земја. Нема многу што да се каже сега. Благодарам Португалија, благодарам Катар. Сонот беше убав додека траеше. Сега, времето ќе биде добар пријател и сите ќе можат да си ги кажат своите заклучоци“, објави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…