Дома Фудбал Роналдо „предаден“ од својот поранешен соиграч: Меси е најдобар, би сакал да ми биде соиграч

Роналдо „предаден“ од својот поранешен соиграч: Меси е најдобар, би сакал да ми биде соиграч

Не престануваат притисоците за Аргентинецот.

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бразилецот Данило, јавно го повика Лионел Меси од Барселона да му се придружи на „Итихад“ и при тоа порача дека Аргентинецот е најдобриот фудбалер во светот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Британските медиуми многу шпекулираа за тоа дека Манчестер Сити, односно менаџерот, Пеп Гвардиола има голема желба да го доведе Лионел Меси во редовите на „граѓаните“.

„Имаме многу силен тим, но можеме да играме уште подобро. Меси е голем играч и секако дека би сакал да ми биде соиграч. Тој е најдобриот во светот“, изјави Данило за „Марка“.

Данило изминатото лето пристигна во Манчестер Сити и тоа од редовите на Реал Мадрид, оваа сезона во дресот на клубот од Манчестер одигра девет натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…