Дома Фудбал Останато Роналдо: Покажете ми играч кои на мои години игра на мое ниво

Роналдо: Покажете ми играч кои на мои години игра на мое ниво

Фудбалерот на Јувентус, Кристиано Роналдо во интервју за „Франс Фудбал“ изјави дека на 19 години сфатил дека фудбалот се сведува на титули, рекорди и голови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот оваа година се најде помеѓу номинираните за „Златната топка“, а во интервјуто кое ќе биде објавено во „Франс Фудбал“ зборуваше за своите достигнувања.

Роналдо оваа сезона го постигна 700-тиот гол во кариерата.

„Тоа е импресивно, горд сум поради тој учинок бидејќи на многу играчи не им успеало. Ако ме прашате кој гол ми е омилен би кажал оној во дресот на Реал против Јувентус во април 2018 година. Таков гол чекав со години“.

Португалецот е познат како голем работник.

„На 19 или 20 години сфатив дека фудбалот се сведува на титули, рекорди и голови. Потребен е талент, но без работа е бескорисен. Ништо не паѓа од небо. Никогаш не би бил тоа што сум денес без голема работа“.

Зборуваше и за ривалството со Меси.

„Еден со друг се правевме подобро. Тоа беше здраво ривалство“.

На крајот беше запрашан на што се надева во продолжение од кариерата.

„Мојата цел е да остана млад. Да бидам конкурентен. Покажете ми играч кој игра на мое ниво, во мои години и во тим каков што е Јувентус“, одговори Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Секој главен судија на Светското првенство ќе си оди со повеќе од 100 000 долари

Екипите кои ќе бидат елиминирани уште во групната фаза на Светското првенство во фудбал ќе…