Дома Фудбал Останато Роналдо од „луксузната“ изолација: Ви се обраќам како син, татко и човек!

Роналдо од „луксузната“ изолација: Ви се обраќам како син, татко и човек!

Јувентус вчера потврди дека Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус поради што сите играчи на овој тим се во куќна изолација.

Тоа важи и за Кристиано Роналдо кој пред неколку дена отпатува во Мадеира и таму ќе остане во изолација во луксузен апартман.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Португалецот преку социјалните мрежи испрати порака со поддршка со сите кои се погодени од овој вирус.

„Светот поминува низ тежок момент кој бара голема грижа и внимание од сите нас. Денес не ви се обрќам како играч, туку како син, татко, човек кој е загрижен за последните случувања кои се случуваат во светот. Важно е сите да ги следиме советите од СЗО и властите и како тие се справуваат со ситуацијата. Штитењето на човечкиот живот мора да биде пред сите интереси. Сакам да го пратам моето сочувство до сите кои изгубле некој бизок до нив, моја поддршка до оние кои се борат со овој вирус, како мојот соиграч Даниеле Ругани, и моја континуирана поддршка до неверојатните здравствени професионалци кои си го ризикуваат животот за да спасат други“, напиша Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…